Македонија

Новопечениот Бугарин Пендиков уште докажува дека е оштетен и натепан поради националните чувства

По повеќе од една година, никако да заврши судењето за натепаниот новопечен Бугарин, Христијан Пендиков. Почна на крајот од февруари минатата година и се уште постапката не е ни близу до крај. Од Коалицијата за правично судење велат дека и вчера било одложено рочиштето, овојпат бидејќи не се појавиле сведоци предложени од Обвинителството кои треба да сведочат против обвинетиот Илија Спасески.

Но, одложено беше и пред последното рочиште. На последното одржано, пак, испитани се двајца сведоци.

Судскиот процес за нападот на Христијан Пендиков, секретар на зграснатиот бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, започна по тепачката која се случи на 19 јануари пред кафуле во центарот на градот.

На немилион настан му се ставии етнички предзнак, а Пендиков брзо потоа заздраве и доби бугарско државјанство. На Пендиков претходно со сите почести на официјална церемонија му беше врачено бугарското државјанство.

Против него, од Левица е поднесена и кривична пријава поради лажните изјави кои ги давал за Македонија и македонскиот народ. Од партијата посочија дека Пендиков се товари оти извршил повеќе кривични дела, односно – повреда на угледот на Републиката (казниво по член 178 од кривичниот законик), излагање подбив на македонскиот народ (казниво по член 179 од Kривичниот законик) и предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа (казниво по член 319 став 1 од законот).

„Имено, пријавениот во контроверзното интервју ги изнесува познатите негаторски тези на бугарскиот шовинизам дека ‘Македонците и Бугарите се еден исти народ’. Со ваквата изјава, Пендиков ја изложува на подбив Република Македонија, која е конституирана и постои како национална држава на македонскиот народ. Оваа изјава е дејствие директно насочено кон разгорување национална омраза и нетрпеливост, изложувајќи ја на подбив македонската националност и оспорувајќи ја нејзината посебност и самобитност“, соопштија од Левица.

Пендиков излезе со тешки обвинувања за Македонија во бугарски медиум.

Бугарите во Северна Македонија се малтретирани, прво, од самите државни органи, дали од полицијата, од нивните служби – ги прозиваат, ги уценуваат, некои такви работи. Второ, имаат многу такви профили – онлајн-медиуми, профили кои се од непознати автори и споделуваат наши приватни фотографии, наши семејни фотографии, каде што пишуваат дека треба да нè убијат, повикуваат на насилство врз нас, покажуваат некои наши лични фотографии, фотографии што ги наоѓаат на нашите профили на „Фејсбук“, на „Инстаграм“ и цело време повикуваат на насилство врз нас македонските Бугари, дека сме биле некакви си предавници“, кажа тој.

На почеток