Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

СУДСКИПОСТАПКИ

media-libraryi9j636q7ebl39lbX1zK

(Видео) Полицајците не признаа вина: Не го казнувале „Пулс“, туку прекршоците ги евидентирале на неактивна фирма

Тројцата полициски службеници обвинети во предметот поврзан со работењето на клубот „Плус“ во Кочани не признаа вина пред судот и најавија дека ќе докажуваат дека не сториле злоупотреба.Инспекторите Кире Богатинов и Горан Лазаров, како и поранешниот командир на Полициската станица Кочани, Александар Темелков, се товарат дека при две акциски контроли наместо да ги евидентираат прекршоците кај фирмата на клубот „Плус“, казните ги запишале на друго, неактивно правно лице, со што активниот субјект н

Настани | пред 3 месеци

ubistvo-vanja-

(Видео) Палчо, Видевски, Манев и Кешишев добија доживотна казна затвор

Љупчо Палевски-Палчо, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Велибор Манев се осудени на доживотна казна затвор за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорческа.„На секој од обвинетите поединечно им одредува доживотен затвор“, рече судијата Ивица Стефановски.Изречена им е и ослободителна пресуда за грабнувањето на Панче Жежовски.„Обвинетите Манев, Видевски, Кешишев, Палевски се особлодоуваат од обвинение дека на 22.11.2023 година околу 9 часот во Велес, обвинетите извршиле грабнување на Панче Жежовски за д

Македонија | пред 11 месец

zaklina-obvinitelka-vanja

Свиреп план, ладнокрвно извршување: Последниот збор на Обвинителството за убиствата на Вања и Панче

Обвинителството денеска ги даде завршните зборови за грозоморните убиства на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, за кои обвинети се Љупчо Палевски – Палчо, Влатко Кешишев, Боре Видевски, Велибор Манев и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски.Обвинителката Жаклина Крстевска – Јосифовска истакна дека се работи за убиство на дете и на пензионер на свиреп и монструозен начин, со што обвинетите заслужуваат не само правна, туку и длабока морална осуда. Таа рече дека делото е напад врз човечноста и врз опш

Македонија | пред 1 година

palevski-68

Палевски ќе одговара што според него правел дента кога е убиена Вања - ново рочиште

Денеска продолжува судењето за убиства та на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Ова доаѓа откако претходното рочиште не се одржа оти бранителот Јовица Страшевски имаше здравствени проблеми. Тогаш судијата Ивица Стефановски рече дека ако тоа се повтори, ќе му назначи на Палевски бранител по службена должност.Рочиштето ќе треба да продолжи со исказот на првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо. Тој прво ќе одговара на прашањата од неговиот бранител, Јовица Страшевски. Меѓудругото, остана неодговорено п

Македонија | пред 1 година

vanja-palco

Палевски кажуваше каде според него бил кога девојчето е убиено: Криминалниот ум би ја убил Зорица Ѓоревска, а не Вања оти имотот ќе прејде кај Александар

Обвинетиот Љупчо Палевски-Палчо, прашан од адвокатот Јовица Страшевски, раскажа каде бил на 27.11.2023 година, денот кога Вања Ѓорчевска е грабната и убиена. Раскажа како станал рано, околу 08:30 минути, иако Обвинителството тврди дека во тој период веќе бил на местото „Дупки“ со обвинетите и грабнатото девојче. Палевски раскажа како дента работел на материјали за набавка на ирански дронови.„Тој ден се разбудив во 8.30, невообичаено за мене затоа што ми беше ладно, затоа што котелот на пелети во

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-12-03-at-23.53.25

„Слика од жртвите на телефон постои само на телефонот на Манев и тоа од Жежовски“, рече Палевски по тврдењето дека тој ја сликал убиената Вања

Тврдењето од обвинетиот Велибор Манев, дека Љупчо Палевски-Палчо му покажувал фотографии од друга жена која требало да биде грабната, првообвинетиот го негира. Според Палевски, исказите биле поради како што вели, „квалитетниот ќотек“, а додека тој беше во бегство во Турција. Сведочеше и за тврдењата дека тој ја сликал Вања откако ја убил.„Не сум ја сликал ниту покажувал Вања, затоа што не знаев дека постои тоа дете. Сликите кои ги спомннува Манев би требало да му помагаат во неговите намери и он

Македонија | пред 1 година

MVI_0147.00_31_16_12.Still005

Му се слоши на таткото на убиената Вања, додека Манев раскажуваше како ја грабнале и убиле неговата ќерка

Додека траеше сведочењето на Велибор Манев, обвинет за грабнувањето и убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, му се слоши на обвинетиот Александар Ѓорчевски, кој е татко на убиената Вања. Ова се случи додека Манев раскажуваше како е грабната Вања, кој бил планот, но и како е убиена. Манев до најситен детал го раскажуваше планот.Судијата даде пауза, а Ѓорчевски беше изнесен и вратен во судницата. Му беа дадени медикаменти.Судењето ќе продолжи. 

Македонија | пред 1 година

manev-vanja

Велибор Манев сведочеше како ја грабнале Вања: Палчо им дал слика, им кажал дека е жена, планот успеал од третпат

Обвинетиот Велибор Манев раскажа дека од зградата во Скопје каде е киднапирана Вања Ѓорчевска, требало да биде изнесена жена на возраст од 38-40 години. Манев сведочеше дека Љупчо Палевски Палчо: „Цело време ни ги покажуваше сликите на жената на телефонот, стварно изгледаше на 38-40 годишна жена дали беше фотошопирана важно староста не беше за дете“.Интегрално, „Скопје1“ го пренесува распитот на Манев:Адвокатот Горан Бошевски: Се исклучивме кај Катланово, по стариот пат продолживме за Скопје. Ка

Македонија | пред 1 година

manev-palco

„Палчо преку перниче испука куршум во детето, ни даде копач и ашов, копавме во смрзната земја“, Манев сведочи за секој детал за убиството на Вања

Обвинетиот Велибор Манев, во исказот објасни и како била киднапирана и убиена Вања Ѓорчевска. Исто како во случајот на Панче Жежовски, истрелот кон неа бил во дел од секунда, испукан од Љупчо палевски-Палчо. Манев објасни дека Палчо бил планерот, командо-давачот, реализаторот. Според неговото сведоштво, требало да добијат по 150.000 евра од грабнувањето, на ќерка на фармацевт.„Откога ја ставивме во гепек, по насоки на Палевски почнав да се движам по улиците кои ми ги кажуваше претходно, улицата

Македонија | пред 1 година

vanja-zorica-zgrada

„Од татко не барај, од мама барај, сѐ ќе даде, душата ќе ја даде“, Манев сведочеше како Вања мислела дека ќе биде пуштена

Вознемиреност и гнев донесе сведочењето на обвинетиот Велибор Манев, за тоа како било убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска. Пред да биде убиена, планерот и реализаторот на убиството, Љупчо Палевски-Палчо ја распрашувал. Според записникот од 6 декември, Манев кажал што рекла Вања во моментите пред да биде убиена. Истото не го кажа на денешното судење, ниту пак го кажал на 3 декември кога исто бил сослушуван од обвинителите.„Му реков дете е, да ја пуштиме. Палевски го отвори гепекот, го извади селот

Македонија | пред 1 година

asmir-jahoski

Ќе се бара затворски притвор за Јахоски, обвинителката поднесе жалба оти судијата го пушти во куќен притвор

Обвинителството бара притвор за Асмир Јахоски, односно поднесе жалба на решението за куќен притвор до Кривичниот совет. Ова го соопшти обвинителството за гонење организиран криминал и корупција откако обвинителката го анализирала решението на судијата на претходна постапка од Кривичен суд, кој одбил да донесе ваква мерка.„Незадоволно од ваквата одлука во законски утврдениот рок до Кривичниот совет при Основено кривичен суд поднесе жалба поради суштествена повреда на одредбите од кривичната поста

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2025-03-13-at-14.02.31

Доживотен затвор за Елвин Куртовиќ за убиството кај Мавровка

Судијката Моника Бахчовановска го осуди Елвин Куртовиќ на доживотен затвор за убиството кај Мавровка.Убиството се случи на 20-ти август минатата година кај Мавровка во еден од најфрекфрентните периоди и места во Скопје. Обвинетиот Елвин Куртовиќ призна вина за убиството на бизнисменот Васил Ефтимов. Рече дека бил под дејство на дрога и не сакал тоа да го изврши. Инаку Куртовиќ кога го изврши убиството беше пуштен на викенд од затворот „Идризово“.„Не сум добро ниту емотивно, ниту психички. Изразу

Македонија | пред 1 година

emilija-peseva-ubiena

Доживотен затвор за Фадил, кој свирепо ја уби штипјанката Емилија: „Моето дете гние, нека гние и тој во затвор“

Убиецот Фадил Зејнелов кој свирепо ја убил Емилија Пешева на 29 години, е осуден на доживен затвор.„Обвинетиот сторил убиство, судот го осудува на доживотен затвор. Во изречената казна му се смета и времето поминато во притвор. По анализа на сите докази, утврди дека оваа казна е потребна и оправдана. Пред се поради начинот на извршување на кривичното дело, траело неколку минути.. Имало решителност од негова страна, а борба од страна на Емилија. Второ, покрај свирепоста при извршувањето, судот ут

Македонија | пред 1 година

454737778_122172490790197509_7205572417307375243_n

Татко и синови палеле шума и сува трева кај Патишка река

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица – татко и неговите два сина, за кои постои сомневање дека заедно сториле кривично дело – предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичен законик.Со јасна намера да предизвикаат општа опасност по животот и телото на луѓето или опасност за имот од големи размери, тројцара, на 9 август предизвикале пожар, полевајќи со запалива течност шумско земјиште покрај локален пат на местото викано Дупки, кај П

Скопје | пред 1 година

ubijci-vanja-2

Одложено првото судење за убиството на Вања и Панче - и на Палчо ќе му се суди заедно со другите обвинети

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје на 26.07.204 година достави Предлог за одлагање на закажана главна расправа за предметот со К.бр. 1339/24, насрочена на 30.07.2024 година, а поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж.„Имено, со оглед на фактот дека истрагата против осомничениот Љ.П. е завршена и по истек на законските рокови по известување за завршена истражна постапка, ќе биде изготвено и поднесено обвинение, кое се однесува за истиот

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-38-59-2780PM

Дете е со искршена вилица и повреди на глава: државен правобранител од Струга се тепал со малолетници

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против пет лица за кривично дело – Учество во тепачка од член 132 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Настанот се случил на 17.08.2023 година, кај луна-парк на улицата “Партизанска”, каде најпрво две 16-годишни деца започнале меѓусебна расправија и тепачка.Се вклучиле родители на двете деца и други роднини од двете страни, а физичката пресметка кулминирала така што едно од децата се здобило и со тешки телесни повреди о

Македонија | пред 1 година

marjan-dokaz-m

Марјан Доказ ослободен од обвинувањата дека правел рекет и уцена

Марјан Стаменковски, сопственикот на порталот „ДоказМ“е ослободен од обвинението за рекет и уцена во обид, бидејќи ги немало сите елементи на кривичното дело, одлучила Апелација.Стаменковски се гонеше дека уценувал поранешен директор на Царина, а се бранеше дека сите информации ги добивал од обвинителите Фатиме Фетаи и Сашо Рајчев, кои ги нарекуваше свои „соработници“.Првиот човек на Вишото јавно обвинителство, Мустафа Хајрулахи, против двајцата обвинители Фетаи и Рајчев во мај 2023 година подне

Македонија | пред 1 година

DSC_0052

Скопјанецот на чекор до притвор: Децата што завршија на Токсикологија испиле лекови со алкохол, им биле дадени за добро расположение

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишник осомничен за – Тешки дела против здравјето на луѓето, според член 217 став 1 од Кривичниот законик, а во врска со член 212 став 1, како и за кривично дело – Излагање на опасност според член 134 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, додека на 11 јули во вечерните часови во неговиот дом престојувале четири деца на возраст од 15 до 17 години, ставил во промет лекови што се штетни за здравје

Македонија | пред 1 година

jildiz-veaposka

Уште колку бебиња и родилки да умрат, за да се дојде до правда, прашува Ваепоска која остана без органи, а нема одговорност за докторот

Одложено денешното рочиште за родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, на која и беа извадени матката, јајникот и бубрегот при царски рез во бооница во Струга.Судењето е одложено бидејќи во струшкиот суд не стигнало супервештачењето кое го прават вешти лица од високообразобни и високонаучни институции.„Двајца судии се пензионираа, третиот судија е во тек на мојот случај, но дали ќе го заврши или ќе треба и четврти судија? Тоа ќе биде катастрофа. Толку исчекување правда е многу долг период. И психичк

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-09-22-at-08.21.48

Одложено судењето за случајот со спортските ваучери на АМС

За денес беше закажано судењето за случајот со спортските ваучери на Агенцијата за млади и спорт. Но судењето е одложено за 9 јули, бидејќи на првото рочиште денеска не се појави првообвинетиот Дарко Каевски.Како што информираше адвокатот на Каевски, тој е на домашно лекување по оперативен зафат на тетивата.Покрај Каевски на обвинителна клупа ќе седнат и директорот на АМС, Наумче Мојсовски и претседателот на Македонски олимписки комитет, Даниел Димевски, потоа Огнен Стојановски, Ѓорѓи Тасев, Нат

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-40-1670PM

Пропадна рочиштето за „Синџир“: обвинет бил отсутен, ако не дојде следниот пат ќе добие построги мерки за обезбедување присуство

,,Денешната главна расправа за предметот со КОК бр. 61/24 во јавноста познат како „Синџир“ се одложи поради отсуство на едно од 32 обвинети правни и физички лица во предметот.Расправата е презакажана за 08.07.2024 година во 10:00 часот за што странките во постапката беа известени на денешното рочиште на кое воедно и на бранителот на отсутниот обвинет му беше посочено да го извести својот властодавец, а во случај на негово повторно отсуство на следната расправа, со претходна уредна достава на по

Македонија | пред 1 година

eZy-Watermark_26-08-2023_12-34-39-9960PM

Шестмина од обвинетите во „Синџир“ признаа вина и се спогодија со Обвинителство, во буџетот вратени речиси еден милион евра

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) преку писмено соопштение информираше дека шестмина од обвинетите лица и фирми нема да бидат дел од судската постапка бидејќи веќе ги признале делата и им се изречени осудителни пресуди, по претходна спогодба. Почетокот на судскиот процес за случајот „Синџир“ е закажан за денеска во Основниот кривичен суд во СкопјеОд Обвинителството велат дека со постигнатите спогодби, кои биле прифатени од судија на претходна

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2023-11-14-at-20.02.37

Миле Јанакиески излегува на слобода по шест години

По шест години, денеска, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, излегува на слобода.Јанакиески од ноември 2018 година до денеска издржуваќе куќен и ефективен притвор. Потоа, беше спроведен во затворот „Идризово“ каде издржуваше казна за случајот „Титаник“ на СЈО, а потоа беше пренесен во затворот „Скопје“ каде беше до денеска.Од формирањето на СЈО, Јанакиески го гонеа во неколку судски случаи. Тој секојдневно со полиција беше носен и враќан од суд. По бегството на Груевски, заврши

Македонија | пред 2 години

Screenshot-2024-05-22-at-16.08.20

Боро „Марлборо“ се спогодил за затворската казна, истиот ден кога им ја скрои судбината на судијата и членот на СЈО

Ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој во јавноста го доби прекарот Боро Марлборо, се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал и корпуција за предметот во кој се гони за продажба на дрога, дознава „Скопје1“. Според судски извори, обвинителката предложила Стојчев да биде осуден на 5,3 години затвор, санкција која судијата ја прифатил и му ја изрекол.Стојчев е лицето чиј син го пријави врховниот судија Наке Георгиев за примање награда за противзаконито влијание, заедно

Македонија | пред 2 години

koapfsd

Судијата Наке Геориев оди во Шутка: одреден му е 30-дневен притвор

Судија на претходна постапка му одреди 30-дневен притвор на врховниот судија Наке Георгиев, дознава „Скопје1“. Тој е осомничен за тргување со влијание, за што полицијата соопшти дека го фатиле со 10.000 евра на лице место, по што го уапсиле.Според судот, оправдани се сомневањата на обвинителката дека тој може да се даде во бегство, да прикрива докази или да го повтори делото.Тој ќе биде спорведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка.

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања