„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Татко и синови палеле шума и сува трева кај Патишка река

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
454737778_122172490790197509_7205572417307375243_n

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица – татко и неговите два сина, за кои постои сомневање дека заедно сториле кривично дело – предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичен законик.

— реклама —

Со јасна намера да предизвикаат општа опасност по животот и телото на луѓето или опасност за имот од големи размери, тројцара, на 9 август предизвикале пожар, полевајќи со запалива течност шумско земјиште покрај локален пат на местото викано Дупки, кај Патишка Река.

Со запалка запалиле нискостеблеста шума и суви треви. Опожареното земјиште е во државна сопственост, а постоела опасност пожарот да се прошири на поголемо подрачје нискостеблеста и високостеблеста шума, па дури и да зафати дел од ловиштето парк Јасен.

— реклама —

Осомничените ги забележал и ги пријавил очевидец, а полициски службеници ги затекнале и кај нив пронашле повеќе литри од запаливата течност која ја користеле за предизвикување на пожарот. Противпожарни екипи интервенирале за да го изгасат пожарот.

Бидејќи делото се гони во скратена постапка, по предлог на јавниот обвинител, Основниот кривичен суд Скопје на тројцата осомничени им определи притвор во траење од по 8 дена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања