По шест години, денеска, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, излегува на слобода.
Јанакиески од ноември 2018 година до денеска издржуваќе куќен и ефективен притвор. Потоа, беше спроведен во затворот „Идризово“ каде издржуваше казна за случајот „Титаник“ на СЈО, а потоа беше пренесен во затворот „Скопје“ каде беше до денеска.
Од формирањето на СЈО, Јанакиески го гонеа во неколку судски случаи. Тој секојдневно со полиција беше носен и враќан од суд. По бегството на Груевски, заврши во притвор без докази. За незаконскиот притвор се произнесе и Европскиот суд.
Европскиот суд пресече: Јанакиески незаконски бил држен во притвор
Европскиот суд за човекови права утврдил дека на ексминистерот за транспорт, Миле Јанакиески незаконски му бил продолжуван домашниот притвор, дознава „Скопје1“.„Судот смета дека постои повреда на правото на слбоода на Миле Јанакиески (член 5.3 од ЕКСП) поради непостоење на доволни причини за негово лишување од слобода“, стои во пресудата на ЕСЧП.Јанакиески речиси пет години беше во домашен, па ефективен притвор кој го издржуваше во затворот „Скопје“ во Шутка. Сега, Европскиот суд носи заклучок дека има повреда на два членови кои се однесуваат на човековите права.Европскиот суд, според извори на „Скопје1“, прифатил и дека Јанакиески претрпел штета поради незаконските притвори.Детали за пресудата ќе соопштат адвокатите на Јанакиески во текот на денот.Ексминистерот беше во притвор поради тоа што обвинителите бараа, а судовите одобруваа тој да издржува мерки на претпазливост. Притворите му беа одредувани поради можност за бегство, влијание на истрагата. Јанакиески поднесуваше низа жалби во кои укажуваше на овие околности, а кои му беа одбивани.
Македонија | пред 2 години
Јанакиески беше спроведуван на суд и на сила, по барање на судијата Осман Шабани.
ВИДЕО: Јанакиески го легнаа во полициско возило за со повреда да го однесат на судење
Миле Јанакиевски обвинет во случајот „Топлик“ денеска на суд беше спроведен со полициска придружба, откако тоа на претходното рочиште го побара судијата Осман Шабани. Од видео на „А1он“ може да се види како полицајци го стрпуваат во мало полициско возило, каде одвај го собира бидејќи ногата мора да му е исправена. Адвокатот Еленко Миланов изјавил за „А1он“ дека ваков случај немал во кариера.
Македонија | пред 4 години
Во 2019 година, ексминистерот и осуден, Јанакиески, беше претен во затворот „Скопје“ заедно со Спиро Ристовски, поради што заврши во болница.