Обвинетиот Велибор Манев, во исказот објасни и како била киднапирана и убиена Вања Ѓорчевска. Исто како во случајот на Панче Жежовски, истрелот кон неа бил во дел од секунда, испукан од Љупчо палевски-Палчо. Манев објасни дека Палчо бил планерот, командо-давачот, реализаторот. Според неговото сведоштво, требало да добијат по 150.000 евра од грабнувањето, на ќерка на фармацевт.
„Откога ја ставивме во гепек, по насоки на Палевски почнав да се движам по улиците кои ми ги кажуваше претходно, улицата пред зградата не ја знам, излеговме на Партизанска, па после скршавме кон Рузвелтова,се она што е снимено на ‘Сејв сити’, покрај Палес, скршавме кон Качанички, тука се исклучив на патот према местото преку селото како се викаше... Палевски нѐ чекаше на надвожњанокот, и тука он продолжи пред нас, јас одев по него. Стасавме до местото Оризови Дупки. Го отворивме гепекот, Палевски ја праша како се вика, што се вика, чија е, за татко, мајка, се почна да прашува и откако тоа го дозна ни рече да ја земеме и да ја извадиме надвор од колата за да ја слика и да може да прати слики на родителите на фамилијата. Откако ја извадивме од колата, ја откопчавме вреќата за спиење и кога го извадивме селотејпот видвоме дека тоа е дете, не е жена. Јас и Влатко бевме блиску до него, му реков дека ова е грешка и дека треба да ја пуштиме назад бидејќи сме со маски нѐ нема видоно, да ја ослобидме. Љупчо Палевски повторно почна да кажува, да прекинам дека ништо не разбирам, дека се е таман, се било чисто, нема да што берам гајле, дека првичното сума која што ни ја поднудил не ќе може да се земе дека ќе биде помала и заќутивме едноставно. Не знам, се свртив да гледам према лозјата да видам, запуштени лозја, да видам во која од собите што се правени, да се внесе таму. Додека гледав, Палевски пријде на детето со пиштол и перниче во рака и го испука куршот преку перниче и повторно бев надвор од себе“, рече Манев.
Тој додаде дека Палевски се вратил до „Реното кангу“, земал копач и ашов кои не биле употребувани и им ги фрлил за да ископтаат дупка, за да се закопа детето.
„Компавме во смрзната земја, Љупчо Палевски ја крена од кај главата и рече земај јас и Влатко ја спуштивме во дупката, ние од кај нозете. Палевски ја извади вреќата и ја фрли во возилото на Панче Жежовски. И нареди да закопуваме, со солзи во очите без да ме видат, почнав да закопувам. Кога го заршивме тоа, ни нареди да тргнам по него со колата, јас го возев цитроенот возилото на Панче, он напред возеше со пикапот, и од таму кон Глуво, потоа скршавме кон Скопје, некаде подоле по патот тргнавме кон блокот каде што го запаливме возилото, нива огромна. Ми кажа да ја терам колата до таму, го попрска возилото со гориво и го запали возилото на Панче. Јас само седнав на предното седиште во пикапот, Боре и Влатко седнаа позади и тргнвме да се враќаме према канцеларија. За снимките каде што се гледа блуза со црна трака тоа сум јас на совозачко место, Љупчо Палевски го возеше пикапот и стасавме во кацеларија. И оттука стасавме во канцеларија и после тоа јас и Боре продолживме, се префрливме во моето возило и продолживме за Велес. А Влатко и Палевски останаа во канцеларијата“, рече Манев.
Тој кажа дека Палевски имал оружје но му го одзеле при претрес кај Демир Капија.
„Палевски имаше но му го земаа кај Демир Капија во претрес, Боре Видевски поради тоа што знам што работел, бил обезбедување на газдата на Жито, марката не ја знам. Не се разбирам“, рече Манев додавајќи дека Палевски комуницирале најмногу по настанот
„Он ми се јавуваше како ‘не се секирај се е чисто, не бери гајле’, на два три пати ми се јави едно по друго, во Tелеграмот ги има часовите и минутите како се јавуваше, и тоа со Боре дневно по еднаш ќе се чуеме“, додаде Манев.
Според него, Палевски им се јавувал и додека бил во бегство.
„Тоа беше кога тргнал од Србија кон турција преку Бугарија. Не еднаш, повеќе пати се јави, првиот пат, првиот пат се јави ми вика ќе одел за Москва, јас му реков прави што знаеш. За после неполни 10 минути повторно да ми се јави да ми каже дека се наоѓа на турска граница и дека ќе оди за Истанбул. Имаше јавување и од телефонот на Стефан Димковски, и последно ми рече ќе се чуеме повторно кога ќе биде во Истанбул. Сабајлето ми се јави бидејќи знае дека имам многу пријатели во Турција, ми рече да му најдам некој пријател за контакт за да може да му најде куќа под кирија наводно во Истанбул бил многу висока киријата. Тој пријател што му го предложив, Хусеин, мој добар пријател, во Баликесир, му го кажав името и тој нашол таму некја куќа однапред платена три месеци“, додаде Манев.
Судењето е во тек.
ПРЕТХОДНО:
Велибор Манев сведочеше како ја грабнале Вања: Палчо им дал слика, им кажал дека е жена, планот успеал од третпат
Обвинетиот Велибор Манев раскажа дека од зградата во Скопје каде е киднапирана Вања Ѓорчевска, требало да биде изнесена жена на возраст од 38-40 години. Манев сведочеше дека Љупчо Палевски Палчо: „Цело време ни ги покажуваше сликите на жената на телефонот, стварно изгледаше на 38-40 годишна жена дали беше фотошопирана важно староста не беше за дете“.Интегрално, „Скопје1“ го пренесува распитот на Манев:Адвокатот Горан Бошевски: Се исклучивме кај Катланово, по стариот пат продолживме за Скопје. Каде отидовте во Скопје?Обвинетиот Манев: Па искрено возев, до Хиподром, не знам ни јас како возев, кога дојдов кај Хиподром го видов пикапот, значи тргнавме за Скопје, Палевски со Влатко Кешишев наред, а јас и Боре во ‘цитроенот’ позади нив. Преку моторола Палевски ми кажа да го следам и он скршна према Кванташки. И пред пругата, тука запре имаше паркинг и ми рече тука да го оставиме возилото на Панче Жежовски да го паркирме тука на паркингот. Откако паркиравме, нѐ товари во задниот дел од пикапот и не однесе во канцеларија.Адвокатот Горан Бошевски: Што разговаравте после тоа?Обвинетиот Манев: Отидовме во канцеларија, кога влеговме, Боре отиде до тоалет, Влатко отиде да прави кафе, останавме ја со Палчо и го прашав зошто сето ова, он ми рече ‘прекини Вељо, ништо не разбираш прекини да не се повторувам’. Мислеше најверојатно на тоа дека ќе расипеме пријателство и фамилијата ми е убава. Влатко дојде, и Боре мислам го испивме кафето, станав да си одам заедно со Боре со автобус да си одиме и нѐ праша „каде?“ Му реков ќе си одам за Велес. За вечер повторно да се видиме, му реков дека немам пари, со последните пари што ќе ги дадам за автобуски карти за Велес, дека нема да можам да дојдам и немам со што да дојдам. Ги зема клучевите од пикапот, ни ги даде и вика со ова ќе одиш и вечер пак ќе дојдеш со него гориво има.Адвокатот Горан Бошевски: Дали дојдовте истата вечер во Скопје?Обвинетиот Манев: Да. Палевски нѐ однесе до местото викано Оризови или не знам Дупки (местото каде е убиена и закопана Вања), и што да видам под самиот пат имаше лозја необработени, и некои столпчиња бетонирани и мислев дека тука ќе се чува грабнатата жена, го видовме местото и се вративме во канцеларија. Чекавме, оти беше уште рано, прилегнавме да дремнеме по малку, првиотпат, тргнавме да ја грабнеме жената, малку закаснивме временски, и поради тоа што не можевме да стигнеме на време, тука се вратив, со колата што претходно ја земавме од паркираното место, на Панче Жежовски, и повторно се вратив и го препаркирав вториот пат на главната улица на поширок тротоар на главната улица кон Мааџари. Од десна страна. И си заминавме после тоа до канцеларија, не се задржавме многу, и од таму продолживме до Велес со пикапот ‘кангу’.Адвокатот Горан Бошевски: Кога следен пат дојдовте до Скопје.Обвинетиот Манев: Во четвртокот ноќта повторно бевме во Скопје и да пробавме по втор пат за да ја грабнеме жената што претходно ја лоцирал Палевски. Стасавме на местото, пред зградата, требаше по кажување на Палевски, жената да се бутне по скалите по излезот, да се бутне во нискиот дел она зградата и таму да сме ја врзувале. Ми дојде дека од еден до дуќаните. излезе жена, па така се одложи и вториот пат грбнувањето.Адвокатот Горан Бошевски: Која особа планиравте да ја грабнете?Обвинетиот Манев: Претходно, Палевски кажуваше повеќе особи, една запамтив, беше директор на Гранит, Страшо, наводно. Така го кажуваше, не го познавам не знам ни како изгледа. После тоа се одлучи на жена на 38-40 годишна жена, ќерка на некој од фармацевтските куќи. Цело време пред да се случи самото грабнување, 10-тина дена претходно ја следел да ги видиме кога излегува, каде работи и наводно ја сликал. Цело време ни ги покажуваше сликите на жената на телефонот, стварно изгледаше на 38-40 годишна жена дали беше фотошопирана, важно староста не беше за дете.Адвокатот Горан Бошевски: Кога го грабнавте женското лице?Обвинетиот Манев: Тоа беше сабајлето 27-ми, третиот обид за грабнување.Адвокатот Горан Бошевски: Од каде тргнавте од Скопје?Обвинетиот Манев: Во текот на викендот, Палевски со уште една особа возилото на Жежовски го пренесуваат во Радишани. Кај пазарот на Радишани. Сабајлето на 27.11 нѐ однесе во Радишани и не остави со ‘кангуто’, тројцата, мене Боре и Влатко Кешишев, таму го стартувавме возилото и тргнавме кон зградата за грабнување.Судењето е во тек, сведочењето продолжува...
Македонија | пред 9 месеци