Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Боро „Марлборо“ се спогодил за затворската казна, истиот ден кога им ја скрои судбината на судијата и членот на СЈО

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-05-22-at-16.08.20

Ексградоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев кој во јавноста го доби прекарот Боро Марлборо, се спогоди со Обвинителството за гонење организиран криминал и корпуција за предметот во кој се гони за продажба на дрога, дознава „Скопје1“. Според судски извори, обвинителката предложила Стојчев да биде осуден на 5,3 години затвор, санкција која судијата ја прифатил и му ја изрекол.

— реклама —

Стојчев е лицето чиј син го пријави врховниот судија Наке Георгиев за примање награда за противзаконито влијание, заедно со членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети. Георгиев беше затекнат со 10.000 евра во него и уапсен од полицијата. Според информации на „Скопје1“ ова е истиот ден кога Стојчев бил и правосилно осуден.

— реклама —

Со спогодбата која ја направил со обвинителката, Стојчев признал дека продавал марихуана во повеќе наврати, на повеќе места. Со дрогата тргувал заедно со други лица кои се обвинети во предметот.

— реклама —

Затворската казна за која се спогоди Стојчев е речиси и најниската која може да ја добие, согласно Кривичниот законик. Тој се гони за неовластено пуштање во промет на наркотични дроги, дело извршено со мрежа на препродавачи – за кое е предвидена казна од најмалку пет години. Стојчев доби три месеци повеќе од најниската.

Тој издржува притвор во затворот „Скопје“ во Шутка. Екипата на подкастот „Претрес“ влезе таму и вечерва во 21 часот ви носи најнови информации поврзани со неговиот престој, здравствената состојба и нечуени детали.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања