Македонија

Ги исконтактиравме тројцата адвокати кои Палевски ги бара за бранители: ќе прифатат или не

„Скопје1“ ги исконтактира тројцата адвокати, за кои Љупчо Палевски-Палчо бара од судот да ги исконтактира за да му бидат бранители во постапката каде што е осомничен како планер и реализатор на убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Адвокатот Тони Менкиновски, за „Скопје1“ посочи дека не е заинтересиран за тој предмет.

„Но, не е ништо стигнато“, рече Менкиновски во кратката изјава.

Го исконтактиравме и адвокатот Славко Секулов, кој е вториот што Палчо го бара да го застапува. На телефонот од адвокатската канцеларија ни одговори службеник кој посочи дека бранителот не е таму и дека не може да даде негов телефонски број. И покрај нашето инсистирање да го искомуницираме, до моментот на објавување на овој текст – тоа не се случи.

Јовица Страшевски е третиот адвокат на кого Палевски сака да му поклони доверба. Исто како Менкиновски и тој досега нема добиено вакво барање.

„Не сум добил барање, не сум размислувал“, рече Страшевски за „Скопје1“.

Правото на одбрана му е загарантирано на Палевски, а два дена по екстрадицијата тој реши да побара и правен застапник, во спротивно ќе треба да му одреди државата по службена должност. За ова ќе треба да одлучи судијата на претходна постапка, а адвокатите да кажат дали ќе прифатат или не.

„Скопје1“ објави дека однесувањето на Палчо во притвор било ладнокрвно, без никакви поплаки. Сместен е во притворското одделение на затворот во Шутка.

Објавивме и дека дека тој не приговарал на ништо, ниту разговарал со спроводниците и полицајците кои го преземаа по екстрадицијата од Турција. Со него, носел повеќе работи, со кои бил затекнат при бегството во Баликесир.

Тој треба да биде повикан и во Обвинителството каде за првпат ќе треба да даде исказ за убиството на Вања и Панче.

Палчо бара тројца адвокати за да го бранат, барањето е во рацете на Кривичен суд

На почеток