Македонија

Прегласување на седум изборни места: ДУИ ја изгуби битката

Управниот суд ги потврди сите решенија на Државната изборна комисија за прегласување во шест избирачки места во петтата изборна единица и едно во шетатата изборна единица. Ова значи дека прегласување ќе има, како што одлучија и од ДИК.

Притоа, како неосновани се одбиени сите тужби, седум на број, од Европскиот фронт односно ДУИ.

Повторно прелгасување ќе има за 14 дена од одржување на изборите, односно на 22 мај.

Ваквата одлука е донесена бидејќи може да влијае на конечниот резултат, а поради сомнежни при гласањето и утврдени нерегуларности.

На почеток