Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: Извештајот на ЕК за 2025 е најтежок досега – Владата ја доведе европската интеграција во длабока блокада

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-library3ggam2gph8ccaIJqT0v

Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава во 2025 година носи „најсериозни критики во последните години“ и покажува дека Владата доживеала неуспех во речиси сите клучни европски стандарди, изјави потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми, на денешната прес-конференција.

Според него, документот потврдува регресија во владеењето на правото, без напредок во независноста на судството и со видливо зголемено политичко влијание. Адеми потсети дека Европската комисија укажува и на несоодветното финансирање на правосудниот систем – далеку под европските препораки од 0,8 проценти од БДП за судството и 0,4 проценти за обвинителството.

— реклама —

Тој посочи дека борбата против корупцијата бележи „нулта резултати“, при што случаите со висок профил не се решаваат, а антикорупциските институции остануваат „слаби и неефикасни“. Извештајот нотира и „видливо влошување“ на слободата на медиумите, основните права и длабока политизација на јавната администрација, придружена со економска нестабилност.

„Главната порака на ЕУ е јасна – Северна Македонија не може да отвори нови поглавја без решавање на основните проблеми“, рече Адеми, најавувајќи дека ДУИ бара итни мерки за деблокирање на реформските процеси.

Меѓу препораките што ги посочи се:

— реклама —

– реформи во правосудството и зајакнување на финансиската автономија на судовите и обвинителствата;

– усогласување на буџетите со европските стандарди;

— реклама —

– деполитизација на јавната администрација;

– зајакнување на независните институции;

– целосно исполнување на препораките за првиот кластер „Темели“;

— реклама —

– итно усвојување на уставните измени за продолжување на интеграцискиот процес.

„Европската иднина на Македонија не смее да биде заложник на неуспесите на власта. Ние остануваме доследни на евроатлантскиот курс“, порача Адеми.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47o2qshiqcsnbx9ocpk

ДУИ: На Воената академија - 0 кадети албанци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
dui

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Македонија | пред 1 седмица

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања