Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија - политиките на Владата ја враќаат земјата назад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 23 минути -

Македонија
dui

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение упати критики до Владата, оценувајќи дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година е еден од најзагрижувачките во последните години и укажува на назадување во реформите, проблеми во институциите и забавување на европскиот пат на Македонија.

— реклама —

Од партијата особено ја издвојуваат оценката за спроведувањето на правата поврзани со употребата на албанскиот јазик и правичната и соодветна застапеност. Според ДУИ, овие прашања за првпат добиваат толку изразено место во извештајот на Европската комисија, што партијата го оценува како последица на политиките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН.

— реклама —

ДУИ наведува дека укинувањето на „Балансерот“, отсуството на нов механизам за застапеност и пречките со кои, според партијата, се соочуваат албанските граѓани и студенти при остварувањето на јазичните права, создале дополнителна загриженост.

Во соопштението се посочува и на отсуство на напредок во борбата против корупцијата, слободата на изразување, јавните набавки, заштитата на потрошувачите и здравството.

— реклама —

Од ДУИ прават споредба со Албанија и Црна Гора, кои, како што наведуваат, напредуваат во процесот на европска интеграција, додека Македонија сè уште не го отворила ниту првиот кластер во преговорите.

— реклама —

Партијата оценува дека извештајот треба да биде предупредување за промена на владиниот курс, нагласувајќи дека еднаквоста, функционалноста на институциите и европската перспектива не треба да бидат жртви на актуелните политики.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

dui

ДУИ за случајот со Алта банка: Колку јавни средства се изложени на финансиски ризик?

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryg1l2v2a48u8v2gYLCsi

(Видео) Поддржувачи на ДУИ се собраа во Брвеница, се чекаат изборните резултати

Македонија | пред 3 дена

dui

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryok8501p04mdn8TlZkJj

ДУИ: МВР да го објави целосниот полициски извештај за случајот со претепаните двајца млади во Сарај

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања