🔴 ВО ЖИВО: „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Јавноста надвор: Судски совет ќе му го чува угледот на врховниот судија Георгиев, за инунитетот и притворот ќе зборуваат сами во четири ѕида

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2024-05-21-at-00.09.35

Со десет гласа „за“, членовите на Судскиот совет ја исклучија јавноста односно медиумите од седницата на која се одлучува за одземање на имунитетот на врховниот судија Наке Георгиев. Според мнозинството судии, на Георгиев може да му се наруши неговиот углед. Во салата беше присутна екипа на МИА, која беше отстранета.

— реклама —

„Благодарам на јавноста, но законската обврска не дозволува понатаму следење“, рече претседателка Весна Дамева.

На седницата се одлучува за симнување на имунитетот на Георгиев, по барање на Кривичниот суд, со цел определување на мерка притвор

— реклама —

„Расправа по барање на Кривичен суд, за одземање на имунитет на судија и одобрување на притвор за судија“, рече Дамева.

Судијата бил лишен од слобода на самото место додека го извршувал кривичното дело, наведуваат од Министерството за внатрешни работи.

Како што објави „Скопје 1“, Наке Георгиев, бил фатен со 10 000 евра. Тој бил пријавен од лице кое тврдело дека му бил баран поткуп во врска со судски случај. Наводно ветувал олеснителни околности во случајот против поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев поврзан со трговија со марихуана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања