Македонија

69-годишник удрил во две паркирани возила, однесен во болница со тешки повреди

На 22.05.2024 во СВР Штип било пријавено дека во 11.00 часот на ул.„Македонија“ во Злетово, патничко возило „фиат пунто“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(69), удрило во паркирано патничко возило „фолксваген голф“ со пробиштипски регистарски ознаки, сопственост на М.П. и во паркиран трактор „имт“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на К.Г., сите од Злетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Т.М., констатирани во Здравствен дом Злетово. По овластување на јавен обвинител, бил извршен увид од увидна екипа од Полициската станица Пробиштип.

На почеток