Македонија

Спикер, шест министри, и вицепремиер за Вреди, Таравари размислува дали да се врати во здравство

Кој колку ќе ,, лапне” од изборниот колач? Колачот е голем, но големи се и апетитите.

Договорот финишира, а според се уште неофицијални потврди, Вреди успеа добро да се офајди.
Алсат објави дека претседател на Собранието, прв вицепремиер, шест министри, седум заменици министри и околу 400 агенции и управи добива досегашната албанска опозиција.

Прв меѓу еднаквите во Законодавниот дом треба да е Африм Гаши, прв вицепремиер, Изет Меџити, а вицепремиер за евроинтеграции кадар на Алтернатива, која треба да добие и двајца заменици министри, за образование и во Министерството за односи меѓу етничките заедници.

На контото на Изет Меџити покрај првиот вицепремиер, одат и Министерството за екологија и двајца зсменици и тоа во МНР и во транспорт и врски.

Движењето Беса ги добива Министерството за труд и социјална политика. Партијата на Билал Касами, кој не го напушта градоначалничкото столче во Терово добива заменик министерско место за култура.

Двајца министри ќе има и Алијанса за Албанците, Таравари, Министерство за здравство и министерство без ресор, потоа и заменик министер за одбрана и земјоделство. Арбен Таравари се уште размислува повторно да се врати како министер за здравство.

Во владината коалиција сака да влезе и ЗНАМ на Максим Димитриевски, но нивните барања за 2 или 3 министерства и места во 200 управи, но Христијан Мицкоски, како иден мандатар и премиер смета дека ова е преголем дел од колачот за ЗНАМ која како мираз во Владата би донела 6 пратеници.

Кој што и колку ќе добие ќе биде соопштено многу брзо, а до 20 јуни се очекува и избор на новата Влада.

На почеток