Македонија

Африм Гаши избран за нов собраниски спикер

Африм Гаши со 76 гласа за и 6 против е избран за претседател на Собранието на Република Северна Македонија.

Тој доби поддршка од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ.

Пратениците од коалицијата „Европски фронт“, предводена од ДУИ ја напуштија собраниската сала.

Гаши свечената изјава ја даде како претседател на Собрание на Република Северна Македонија.

Тој е осум години во Собранието и има трет пратенички мандат.

На почеток