Македонија

Вангелов од СДСМ: Каде одиш СДСМ? Не бе другари, вака не бива, срамота!

Ѓошо Вангелов, долгогодишем и виден член на СДСМ, поранешен советник во општина Центар, на ФБ го изрази своето незадоволство од внатрепартиските случувања. Револтиран е и од молкот на вчерашната седница.
Еве што напиша Вангелов:

Каде одиш СДСМ
Драги пријатели драги сопартијци, следам деновиве кој се искажува амбиција да ни ја води партијата и се чудам сите до еден беа дел од раководството или носители на некои државни функции т.е. дел од екипата што не доведе до ова дереџе, и види сега истите тие ќе не оправале.
Не бе другари вака не бива и затоа ме носи една мисла и јас и многу како мене што посветиле добар дел од својот живот за градење на оваа паргија да се кандидираме па кад је бал нек је маскенбал .
Со оглед на тоа што познавам сопартијци за кои сум на мислење дека се покадарни да не вратат на пиедесталот на политичката сцена а не покажуваат амбиција, не знам дали се плашат да го земат во раце жешкиот костен или не сакаат да си го расипат својот комодитет и се чуваат за некое идно време можеби треба да го почнеме овој циркус па белки некој ќе се одважи .
Гледајки ја денешнава седница на парламент се разочарав. Нашиве пратеници не ја искористија можноста жестоко и аргументирано да дебатираат и да ги раскринкуваат предизборните лаги на ВМРО. Дали поентата да станеш пратеник е поради имунитегот и платата или да и дишеш во врат на власта – Срамота.

На почеток