Македонија

Приведен криминалец, осуден на 10 години затвор

На 29.05.2024 во 23.30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле М.М.(42) од гостиварско Дебреше. Тој бил осуден на 10 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, а бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба поради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на шест години од казната.

При приведувањето кај него биле пронајдени и одземени предмети кои потекнуваат од кривично дело. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.

На почеток