Магазин

(Видео) Видео обраќањето на Трамп ги згрози сите

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп денеска ги повика граѓаните да гласаат за него на претседателските избори, но во неговото видео обраќање вниманието го привлече „плукањето по камерата и плунката што му се насобрала околу устата“, пишува Newsweek.

„Трамп плука додека им кажува на своите следбеници да гласаат за него“, објави корисник наречен „Патриот зема“ на платформата „Х“.

Некои заклучиле дека таквото акумулирање на плунка околу устата може да биде знак за здравствени проблеми.

„Овој тип очигледно не е добро“, напиша политичкиот коментатор Брајан Тајлер Коен на „Х“.

Еден корисник навел медицински напис во кој се наведува дека „Плунка околу устата се појавува кога вишокот на плунка се акумулира во устата или белите дробови и се меша со воздухот. Причините вклучуваат предозирање со дрога, напади, пулмонален едем и беснило“.

Некои изразија згрозеност што видеото воопшто е споделено, додека други рекоа дека Трамп можеби има беснило.

Во гореспоменатото видео, Трамп ги повика своите поддржувачи да гласаат за него „на кој било начин“, вклучително и гласање по пошта или ако се во друга држава, форми на гласање на кои тој претходно силно се спротивставуваше. Претседателските избори во Америка ќе се одржат во вторник на 5 ноември.

На почеток