Магазин

(Видео) Кралицата Камила и приреди необична непријатност на првата дама на Франција

На социјалните мрежи се појави видео од кралицата Камила и првата дама на Франција, Брижит Макрон.

Денот Д се славеше во Нормандија, а на тој настан се појавија Емануел Макрон и неговата сопруга Брижит, како и кралицата Камила.

Камила и Брижит заедно положија цвеќе, а во еден момент Брижит ја подаде раката кон кралицата, но Камила ја игнорираше.

На видеото јасно се гледа како кралицата остана воздржана, по што настана молк, а двете се вратија кај своите сопрузи, кралот Чарлс и Емануел Макрон.

Овој потег на Камилa не е дел од протоколот, туку исклучиво нејзина желба да не се држи за рака со Брижит Макрон, но секако настанала непријатна ситуација.

На почеток