Спорт

Го нема Новак, но ќе има спектакл: Каде и кога да се гледа финалето на Ролан Гарос?

Егзибиција која се претвори во спектакл – Алкараз го победи Ѓоковиќ во Ријад

Карлос Алкараз и Александар Зверев ќе се борат за титулата шампион на Ролан Гарос во недела на 9 јуни.

Дуелот меѓу Шпанецот и германскиот тенисер нема да започне пред 14 часот и 30 минути, ќе се игра на стадионот „Филип Шатрие“, а преносот е обезбеден на каналот Еуроспорт 1 ХД.

Тоа ќе биде меч меѓу трето и четвртопласираните тенисери на АТП листата, а последен пат се сретнаа во Индијан Велс годинава и Алкараз победи со 2:0.

Сегашниот скор му оди во прилог на Зверев, бидејќи досега има пет победи против Алкараз, додека Карлос четири пати.

Во полуфиналето на Ролан Гарос, Алкараз во пет сета беше подобар од Јаник Синер, додека Зверев го исфрли Каспер Руд со 3:1.

Зверев никогаш не освои грен слем титула, иако играше во финалето на УС Опен и две полуфиналиња на Австралија Опен.

Што се однесува до Алкараз, тој ја брка својата трета Грен слем титула во Париз, откако претходно ги освои Вимблдон и УС Опен.

На почеток