Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Ѓоковиќ по тешка битка во Шангај: „Публиката ме крена – неверојатна поддршка, и покрај бруталните услови“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
IMG_0656

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, им се заблагодари на навивачите за нивната поддршка во неговиот дуел против Германецот Јаник Ханфман и истакна дека било тешко да се игра поради влажноста на Мастерсот во Шангај, објави Српскиот ас се пласираше во осминафиналето на овој турнир од серијата 1000, откако денес го победи Ханфман со 4:6, 7:5, 6:3 во третото коло.

— реклама —

„Како што реков претходно, условите се исти за сите. Брутално е, над 80 проценти влажност, ден по ден, сите мора да се справиме со тоа. За мене, можеби биолошки тоа е малку поголем предизвик. Јаник одигра неверојатен натпревар од самиот почеток. Една просечна игра од моја страна му беше доволна за да го освои сетот. Сервираше многу прецизно, беше тешко да се прочита неговиот сервис и силно ја удираше секоја топка“ рече Ѓоковиќ по натпреварот.

Тој продолжи со својата анализа на натпреварот. Беше тешко да се игра против Ханфман.

— реклама —

„Публиката ме крена, а на крајот од вториот сет почувствував дека станувам подобар во размените и подобро го читав неговиот сервис, тој почна да прави грешки. Почнав да удирам послободно. Во мојата кариера сум победил во многу вакви натпревари, во кои најчесто не бев подобар играч, туку едноставно храбро ја одржував играта“.

На крајот, Новак уште еднаш им се заблагодари на навивачите за нивната поддршка. Неверојатно е да се биде тука и да се игра пред многу страсна публика.

„Неверојатно е, поддршката што ја добивам, не можам да побарам повеќе – 38 години, играм на Мастерс, публиката го скандира моето име… Тоа е сон, им сум благодарен за тоаа“ ,нагласи српскиот тенисер. Ѓоковиќ ќе игра против Џауме Мунар од Шпанија во осминафиналето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

IMG_0656

Ѓоковиќ без „прв тренер“: Не сум подготвен во оваа фаза да доведам некој сосема нов

Спорт | пред 1 седмица

media-librarypopvfer1oucscrp4H4F

Новак доминира во првиот сет: 6-2 против Алкараз во финалето на Австралија опен

Спорт | пред 1 месец

media-librarygbvv7qr8a1pr4wzMjDz

Ѓоковиќ по 11. пат во финале во Мелбурн, Алкараз му стои на патот

Спорт | пред 1 месец

IMG_0656

Од омаловажување до восхит: Енди Родик со најсилни пофалби за Новак Ѓоковиќ

Спорт | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања