Промени тема
Контакт

Конорс го пофали Ѓоковиќ, но упати критики кон помладата тениска генерација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 часа -

Спорт
IMG_0656

Триумфот на Новак Ѓоковиќ во Пекинг, каде што ја освои својата 102. титула во кариерата, предизвика реакции и кај легендарниот американски тенисер Џими Конорс. Тој го пофали српскиот ас, но истовремено оцени дека неговите успеси ги откриваат слабостите на помладата генерација тенисери.

— реклама —

Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека и на 39-годишна возраст може да се натпреварува со значително помлади противници. Токму тоа го поттикна Конорс да се запраша зошто новите тениски таленти сè уште не успеваат да ги потиснат поискусните играчи од врвот.

— реклама —

„Овој трофеј само потврдува дека Ѓоковиќ е исклучително добар, но истовремено открива и одредени слабости на денешниот тенис“, порача Конорс.

Американецот се потсети и на сопствената кариера, посочувајќи го враќањето на терените по повреда на зглобот на раката. Иако поради повредата паузирал година и пол, на 39-годишна возраст успеал да стигне до полуфиналето на Отвореното првенство на САД.

— реклама —

Според Конорс, ваквите резултати треба да бидат предупредување за помладите тенисери, кои се во најдобрите години за професионален спорт, но сè уште не успеваат да ги преземат водечките позиции.

„Кога се вратив по повредата на зглобот и стигнав до полуфиналето на Отвореното првенство на САД на 39 години, тоа на некој начин го сврте вниманието кон состојбата во тенисот. Покажа дека новите таленти на 23, 24 или 25 години можеби треба малку повеќе да се активираат и да почнат да ги заземаат местата што треба да им припаѓаат“, заклучи Конорс.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-01-28-at-14.21.34

Ѓоковиќ го елиминираше Зверев и се пласираше во полуфиналето во Пекинг

Спорт | пред 1 седмица

— реклама —
Screenshot-2024-01-28-at-14.21.29

Новак Ѓоковиќ погоден со капа во глава додека делел автограми во Шангај

Спорт | пред 1 седмица

media-librarym2bnjo6ajfqrfBcjgO3

(Видео) Објавен трејлерот за документарецот за Ѓоковиќ „Волкот во зима“

Свет | пред 2 месеци

media-librarye3qlimnair67bIK3Q0h

Ле Ман се врати во француската елита по 16 години – клубот, во кој косопственик е Новак Ѓоковиќ

Спорт | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања