Промени тема
Контакт

(Видео) Објавен трејлерот за документарецот за Ѓоковиќ „Волкот во зима“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-librarym2bnjo6ajfqrfBcjgO3

Документарниот филм „Новак Ѓоковиќ: Волкот во зима“ (Novak Djokovic: The Wolf in Winter) ќе има премиера на 20 август на платформата Amazon Prime.

— реклама —

Филмот го следи животниот пат на српскиот тенисер – од неговото детство, преку тешките години исполнети со воени конфликти и финансиски проблеми, до освојувањето на самиот врв на светскиот тенис.

— реклама —

„Ѓоковиќ порасна среде конфликти и финансиски тешкотии, додека неговото семејство жртвуваше сè за да ја поддржи неговата тениска кариера. Кога се појави на професионалната сцена, не беше пречекан со раширени раце, туку со отпор, како непожелен натрапник што го нарушуваше омиленото ривалство меѓу Федерер и Надал“, се наведува во описот на филмот.

— реклама —

Во трејлерот се појавуваат Андре Агаси, Рафаел Надал и други големи имиња од светот на тенисот, кои зборуваат за кариерата и влијанието на Ѓоковиќ.

Режисер на документарецот е Џејсон Хехир, автор на култниот документарен серијал за Мајкл Џордан „The Last Dance“ („Последниот танц“).

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-01-28-at-14.21.34

Ѓоковиќ го елиминираше Зверев и се пласираше во полуфиналето во Пекинг

Спорт | пред 6 дена

— реклама —
Screenshot-2024-01-28-at-14.21.29

Новак Ѓоковиќ погоден со капа во глава додека делел автограми во Шангај

Спорт | пред 1 седмица

media-librarye3qlimnair67bIK3Q0h

Ле Ман се врати во француската елита по 16 години – клубот, во кој косопственик е Новак Ѓоковиќ

Спорт | пред 5 месеци

IMG_0656

Ѓоковиќ без „прв тренер“: Не сум подготвен во оваа фаза да доведам некој сосема нов

Спорт | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања