Магазин

Се рзведува братот на принцезата Дијана

Помладиот брат на покојната принцеза Дијана, Чарлс Спенсер (60) се разведува од сопругата Карен по 13 години брак.

„Тоа е исклучително тажно. Само сакам да се фокусирам на моите деца и внуци и на Карен и посакувам се најдобро во иднина“, изјави тој за Дејли Меил.

Како што пренесуваат тие британски медиуми, за бракот одлучувале мемоарите во кои Чарлс открил секакви работи, вклучително и дека доживеал физичко и сексуално злоставување во интернат. Неодамна изјави дека работата на мемоарите толку многу го погодила што морал да побара стручна помош.

Чарлс и Карен се во брак од 2011 година. Тие се венчаа во Althorp House во Грејт Барингтон, Англија, два месеци по кралската венчавка на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Тие имаат 12-годишна ќерка Шарлот Дијана.

Карен има уште две ќерки од претходниот брак со холивудскиот продуцент Марк Гордон, додека Чарлс има шест деца од првите два брака со Викторија Локвуд и Керолин Фројд.

На почеток