Приведена гостиварчанка: Украла пари од спортска обложувалница
Од
Објавено на
На 09.06.2024 во 19.50 часот на локален пат за с.Ростуше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишиле од слобода В.Т.(56) од с.Ростуше.
Таа се сомничи дека околу 19.30 часот од спортска обложувалница во с.Ростуше одзела пари од дневниот промет. Парите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.