Медиасет

Бен Афлек фатен како тајно ја посетува Џеј Ло: оминаа четири часа заедно

Поради гласините дека славниот пар Бен Афлек и Џенифер Лопез се разведуваат, пристигна вест дека тие ја продаваат својата вила на Беверли Хилс вредна 60 милиони долари.

Како што пишува Page Six, Афлек со својот црн мерцедес пристигнал во вилата околу 17 часот, а наводно останал до 21 часот, што подразбира дека актерот таму поминал четири часа со Лопез.

Двојката ја купи оваа палата за 60,85 милиони долари во мај 2023 година, а сега за неа бараат околу 65 милиони долари. Куќата има 17 спални соби, 30 бањи, паркинг за 80 возила, спортски комплекс, бар, базен.

На почеток