Промени тема
Контакт
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“
„Претрес“ за судењата, сведоците, правдата: Сопругата на Андреј од ДНК и таткото на Диме за „Пулс“

(Видео) Загина потпретседателот на Малави заедно со уште девет лица во авионска несреќа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
nesrekja3

Потпретседателот на Малави, д-р Саулос Чилима, загина заедно со уште девет лица во авионска несреќа, јавуваат светските медиуми.

Како што пренесува CBS News, во авионот што се урна била и неговата сопруга, а претседателскиот кабинет преку соопштение потврди дека сите патници загинале во авионската несреќа.

— реклама —

Претседателот Лазар Чаквера прогласи ден на жалост поради смртта на Чилима и на девет други лица.

Чилима и останатите патници биле на пат да присуствуваат на погребот на поранешниот државен обвинител, кога авионот исчезнал од радарот.

— реклама —

Контролата на летање соопшти дека авионот не можел да слета на аеродромот Мзузу, на околу 320 километри од главниот град, поради слабата видливост.

Според медиумите, на пилотот му било наложено да се врати во Лилонгве, по што леталото исчезнало од радарот.

Чилима (51) се сметаше за можен кандидат за претседател на државата на изборите што ќе се одржат во 2025 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryuq0p554n9dme6Q8nD2w

(Видео) Нови детали: Камионџија од Струмица загина во страшната несреќа кај Славонски Брод

Свет | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryuq0p554n9dme6Q8nD2w

(Видео) Македонец загина во тешка несреќа на автопат во Хрватска - излетал од патот и при удар во улично осветлување избувнал пожар

Свет | пред 1 месец

media-library2eqem0o1p4v229kH8bW

Трагедија кај Кванташки пазар: Возач почина зад волан

Скопје | пред 1 месец

skele

Сè повеќе несреќи на работните места: 132 случаи и 31 смртен исход во 2025 година

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања