Свет

Блинкен: Нетанјаху ја потврди посветеноста на планот за прекин на огнот во Газа

Блинкен ги претстави клучните елементи на идниот мир во Газа

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека на вчерашната средба израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му ја потврдил посветеноста на планот за прекин на огнот во Газа и дека оценил дека одговорот на Хамас на тој предлог е „ветувачки“.

„Синоќа се сретнав со премиерот Нетанјаху и тој ја потврди својата посветеност на предлогот“, рече Блинкен, мислејќи на резолуцијата на Советот за безбедност за прекин на огнот во Газа што беше усвоена синоќа на предлог на Соединетите Американски Држави.

Блинкен додаде дека е „ветувачки“ знак дека групата Хамас го поздравила усвојувањето на резолуцијата.

Претставникот на Хамас, Сами Абу Зухри денеска за Ројтерс потврди дека групата ја прифаќа резолуцијата и е подготвена да преговара за деталите.

На почеток