Ем со пари, ем на слобода: „Еден од „највалканите пазари“ е измената на Кривичниот законик“
Ексминистерот за финансии и политички аналитичар, Џевдет Хајредини, на социјалната мрежа „Фејсбук“ посочува дека криминалците останале со парите и неказнети, а благодарение на пратениците кои го изгласаа Кривичниот законик.
„Еден од “највалканите пазари”, што се случи неодамна, е измената на Кривичниот Законик, со која криминалците, не само што се спасија од затвор, туку им останаа и украдените пари“, вели Хајредини.
За повеќе од 80 лица обвинети во 14 судски предмети иницирани од времето на СЈО настапи апсолутна застареност за кривичен прогон. Донесувањето на законските измени во Собранието експерсно за два дена беа со образложение дека се усогласува македонското со европското законодавство.