Скопје

(Видео) Долг смок во парк во Тафталиџе каде постојано има и деца: жителите исплашени, надлежните ги испратиле кај лиценцирана фирма да бараат спас

Смок е снимен на фреквентно место близу центарот на Скопје, поточно во Тафталиџе кај Веро 2. Жителка на овој дел на градот, ја забележала змијата во зелениот појас, односно паркот карши маркетот, каде што секојдневно има деца и движење на граѓани. Од снимката се гледа како змијата влегува џбун – исечени, а несобрани гранки.

Во изминатите денови, повеќе алармирања има за појава на змии. Граѓаните алармираат општините да ја косат тревата во зелените појаси, токму поради оваа причина.

Центарот за управување со кризи бил информиран за појавата на смокот, но немало реакција. Тие ја упатиле да се јави во лиценцирана фирма од Куманово, од каде пак, за оваа интервенција и побарале да плати.

На почеток