Скопје

Апсења низ Скопје: Пронајдена дрога кај четири лица, најмладиот 22-годишен

Денеска (19.06.2024) во 00.10 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Р.(29) од с.Бозовце, тетовско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (19.06.2024) во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(23) од с.Синѓелиќ, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.06.2024 во 22.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар , полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.А.(39) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 18.06.2024 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.А.(22) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На почеток