Македонија

Почина осуммесечно бебе од Прилеп на пат кон Скопје

Осуммесечно бебе почина за време на транспорт со брза помош од прилепската болница до Скопје.

Мајката вчера попладне го донела во болница во многу тешка состојба.

Станувало збор за бебе кое тежело само три килограми. Педијатарот веднаш одлучил да го испрати во Скопје, но не го издржало транспортот и починало на пат за Скопје.

Бебето немало извод од родените и затоа случајот е пријавен во полиција. Ќе биде извршена обдукција.

На почеток