Свет

И Трамп подготви план за ставање крај на војната во Украина: Ако победи на изборите, Киев ќе добие ултиматум

Бајден ги носи кутиите со доверливи документи насекаде, рече Трамп и за обвинителот кажа дека е психопат

Двајца клучни советници на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп му претставија план за ставање крај на војната во Украина доколку победи на изборите, кој вклучува одредба дека Киев ќе добие повеќе американско оружје само доколку се согласи на мировни преговори.

Еден од советниците за национална безбедност на Трамп, пензионираниот генерал-полковник Кит Келог, рече дека, според овој план, САД истовремено ќе ја предупредат Москва дека секое одбивање да преговара ќе резултира со поголема поддршка од Вашингтон за Украина, објави Ројтерс.

Според планот, кој го подготвија Келог и советникот на Трамп, Фредерик Флејц, за време на мировните преговори меѓу Украина и Русија, на повеќето борбени линии ќе стапи на сила прекин на огнот. Келог и Флајц му го претставиле својот план на Трамп, а според Флајц, Трамп позитивно реагирал на тој документ.

Планот, исто така, предвидува членството на Украина во НАТО да се одложи за подолг период за да се охрабри Русија да преговара за мир. Трамп постојано изјави дека негов приоритет, доколку добие втор претседателски мандат, ќе бидат итни преговори за ставање крај на војната меѓу Русија и Украина.

Поранешниот американски претседател ја отфрли можноста за испраќање американски трупи во Украина минатата недела и навести дека наскоро ќе ја намали помошта за Киев доколку биде избран на претседателските избори во ноември.

На почеток