Македонија

Пронајдена дрога во Штип, приведени две лица

Претрес во скопски Чаир, пронајдена дрога, приведени две лица

На 25.06.2024 во 10.50 часот во Штип, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги лишиле од слобода М.А.(29) од Штип и Ќ.А.(27) од Гевгелија.

При извршен претрес со наредба од Основен суд Штип во домот во Штип каде престојувал М.А. и каде била затекната Ќ.А., биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, марихуана, бела грутчеста материја и мобилен телефон.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На почеток