Македонија

(Фото) Онкологија е хаос од пациенти, се чека од зори, пациентка со порака: За нас пациентите УТОПИЈА, по цели денови се чека

Онколошката пациентка Анџелика Колева објави фотографија на кока се гледа дека на Клиниката за Oнкологија има огромни гужви. Ова е секојдневна слика како што и предходно во поткастот ,,Претрес со Ландов” говореше новинарката Катерина Цаневска која се бори со ракот.

,,Дали ви изгледа ова нормално?Или се заборави Онкологија?Секое чудо за три дена нели!!Ова е фотографија од утринава во 7h и 30min.објавена од моја соборка.Замислете што е во 14h.Оние што сеуште работат таму(способните)изгинаа од работа!!За нас пациентите УТОПИЈА,по цели денови се чека.Ги враќаат од терапии затоа што неможе да се постигне(нема кадар)Ајде доста ви беше избори,па оформување влада па дрн,дрн.Фаќајте се за работа и решавајте го проблемот.Смачено ни е од чекање.Во најмала рака свесен човек и здрав ќе појде барем еднаш во годината на Онкологија,во Лудница и на Гробишта.Чисто да види дека не е таму.За повеќе да го цени сопствениот Живот и да види колку е Среќен!”Емпатија”-што ли е тоа?Решавање на проблемите на Клиника под ИТНО!,оти и вие нема долго да траете!”, пишува Колева.

За состојбите на Онкологиjа зборуваше и Катерина Цаневска.

На почеток