Нема да има поскапување на струјата од први јули, изгласани измените на Законот за енергетика
Од
Објавено на
Синоќа во Собранието по скратена постапка беа изгласани измените и дополнувањата на Законот за енергетика поднесени од ВМРО-ДПМНЕ. Измените беа усвоени со 84 гласови „за“.
Пратениците на СДСМ најавија дека ќе го поддржат законот, и кажаа дека тој е продолжение на добрите политики на минатата влада, нешто за кое од ВМРО-ДПМНЕ не се сложија.