(Видео) Таравари: Не би студирал медицина во Струга, јас сум против факултетите каде се запишуваш и по 3-4 години да си купиш диплома
Министерот за здравство, Арбен Таравари, ќе бара ревизија на сите медицински факултети во Македонија.
Тој во поткастот „Претрес со Ландов“ прашан дали би студирал медицина на факултетот во Струга во јавноста познат како „факултетот на Мерко“, одговори: „Јас не би студирал. Ќе треба ревизија. Јас сум против сите универзитети каде постојат сомнежи, искрени сомнежи, дека се запишуваш и по 3-4 години можеш да одиш да купиш диплома“.
Таравари додава: „Сметам дека треба да се направи ревизија на сите универзитети. Се надевам посебно за медицинските факултети. Јас ќе имам состанок со деканите на медицинските факултети, а посебно и со министерката за образование која е професорка која е ценета и квалитетна“.
Вчера, на првата владина седница, беше донесена одлука со која се укинува изучување на медицинско образование на факултетот во Струга.