Македонија

По 60 години нова детска градинка во Бутел 2, вели Мицкоски

Мицкоски: Сплотени и заеднички да го промениме безнадежното секојдневие и да создадеме иднина и земја на среќни граѓани

,, Денес камен темелник на нова градинка, овој пат во Бутел.

За нова успешна недела. По 60 години населбата Бутел 2 добива нова градинка.

Со ова решение над 200 дечиња ќе добијат пристојни и пријатни услови за престој, ран развој и подготoвка за на училиште. Инвестицијата е вредна над 100 милиони денари и ова е уште едно остварено ветување.

Интензивно ќе работиме за постигнување на резултати и изнаоѓање на решенија за проблемите кои народот очекува да бидат решени и Македонија да ја вратиме на граѓаните.

Исполнуваме
За тебе!”, напиша премиерот Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

На почеток