Скопје

(Видео) Убиениот во пукотницата во Батинци е брат на повредениот

Утрово во пукотница во Батинци загина едно лице загина, додека друго е повредено и пренесено во Ургентниот центар во Скопје.

На 01.07.2024 во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, две лица со патничко возило „мерцедес“ пукале кон патничко возило „форд“ во кое биле А.Б.И.(34) и З.И.(31), двајцата од с. Црн врв.

На местото на настанот починал А.Б.И., а З.И. се здобил со повреди и е пренесен за укажување лекарска помош во Ургентен центар-Скопје.

Според информациите, нападнатите биле браќа.

На почеток