Магазин

Потенцијално опасен астероид помина покрај Земјата

Потенцијално опасниот астероид „2024 МК“ помина покрај Земјата на оддалеченост од приближно 300.000 километри, соопшти Институтот за применета математика Келдиш при Руската академија на науките.

Астероидот 2024 МК, релативно голема вселенска карпа што припаѓа на групата Аполо, беше следен од телескопски мрежи додека минуваше околу 300.000 километри покрај Земјата минатата ноќ, соопшти Институтот, а пренесува „Спутник интернешнал“.

Според Европската вселенска агенција, астероидот 2024 МК првпат бил откриен на 16 јуни, а се проценува дека е со големина помеѓу 120 и 260 метри.

На почеток