Свет

Бајден откри дали ќе се повлече од кампањата: „Не си одам, никој не ме тера“. Во трка сум до крај и ќе победиме“

Бајден го потпиша законот за доделување рекордни 886 милијарди долари за војската

Американскиот претседател Џо Бајден ги отфрли гласините дека има намера да се откаже од кандидатурата за претстојните избори и истакна дека е подготвен да победи во ноември.

„Да го кажам ова најјасно што можам: Не си одам, никој не ме тера. Во оваа трка сум до крај и ќе победиме“, рекол претседателот, пренесува АП.

Како што беше најавено претходно денеска, демократските гувернери на Њујорк, Минесота и Мериленд ја поддржаа кандидатурата на претседателот Џо Бајден за претстојните избори во Соединетите Американски Држави.

„Претседателот отсекогаш ни го имал грбот. Ние ќе го заштитиме и неговиот“, изјави гувернерот на Мериленд, Вес Мур за новинарите по состанокот со Бајден и потпретседателката Камала Харис во Белата куќа, на кој присуствуваа 24 демократски гувернери.

Гувернерката на Њујорк Кети Хочул рече дека сите гувернери ветиле поддршка за Бајден.

„Претседателот учествува (во трката) за да победи“, истакна таа.

На почеток