„Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ ја партизира државата со враќање стари кадри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4886

,,Ако се анализираат кадровските решенија кои во прва фаза ги назначи Владата на ВМРО-ДПМНЕ, многу е очигледно дека Мицкоски посега по стари кадри.

— реклама —

Наместо професионализација и промени коишто се ветуваа гледаме партизација пред квалификација. Многу малку може да се забележат некои свежи кадри или некомпромитирани професионалци.

Така со Фондот за здравство ќе раководи Сашо Клековски, кој иако е лекар никогаш не работел во здравството.

— реклама —

Како тој и со кое знаење ќе ја води оваа комплексна и многу важна институција?

Клековски беше редовен учесник на телевизиските дебати, каде ревносно ги бранеше политиките на ВМРО ДПМНЕ.

Очигледно единствено таа „квалификација“ му ја обезеди позицијата в.д. директор на Фондот за здравство.

На директорско место во Управа за извршување санкции е назначен Александар Пандов, дипломиран историчар кој ниту има соодветно образование од оваа област ниту искуство.

Работа во приватниот сектор кај Самсоненко, водејќи една од неговите компании за обложување не може да биде соодветна компетенција за оваа позиција.

Очигледно и затоа со назначување на в.д. директори Владата ја заобиколува неопходната процедура за избор на директори.

Назначувањето на Коце Трајановски за в.д директор пак е директна потврда дека кадровските политики значат враќање назад кон претохдното владеење на ВМРО-ДПМНЕ а не промена.

ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014.

Му се даваат 600 милиони евра во рацете и моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти. Иако во исто време, Коце Трајановски е косопственик и управител на фирма чија дејност опфаќа и градежништво.

Ова што го прави ВМРО-ДПМНЕ на почеток на мандатот не е промена. Граѓаните не гласаа за враќање назад туку за промена која воопшто не се случува и тешко дека ќе се случи.”, изјави Богданка Кузеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

ustaven

СДСМ поднесе иницијатива до Уставниот суд за Резолуцијата против нелегалната миграција

Македонија | пред 7 часа

media-library3k7a62a50lbragt94sM

СДСМ до Уставниот суд: Да се укине неуставната Резолуција и да се заштити слободата на говор

Македонија | пред 13 часа

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

Со неуставна резолуција ДПМНЕ и ЗНАМ се обидуваат да ја замолчат јавната дебата, велат од СДСМ

Македонија | пред 16 часа

51527416724_29ef17fba6_c

ВМРО-ДПМНЕ обвинува за милионските злоупотреби во Лотарија под покровителство на Груби: „СДСМ ги толерирала злоупотребите“

Македонија | пред 16 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања