Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Средба Тошковски- Гир: Продолжува поддршката на ЕУ во реформите и јакнење на капацитетите на македонската полиција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4890

Денеска (04.07.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, оствари работна средба со амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Н.Е. Дејвид Гир.

— реклама —

Министерот Тошковски на средбата ја изрази својата благодарност за поддршката и соработката за време на техничката влада и за континуираната поддршка што нашата земја, но и МВР, ја добиваат во насока на реформирање и модернизација на институциите.

Министерот Тошковски изрази уверување дека соработката и поддршката од ЕУ во следниот период само ќе се зголемуваат, конкретно и во областа на безбедноста.

— реклама —

На средбата министерот ги претстави главните приоритети на министерството, во кои ќе биде потребна експертизата на ЕУ во постигнување на европските стандарди, со крајна цел што поскоро да станеме дел од големото европско семејство.

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев ја потенцираше тековната соработка на БЈБ во рамки на постојните проекти и искористувањето на фондовите од ЕУ, ги појасни планираните реформи на БЈБ и потенцираше дека во фокус ќе бидат и евентуални злоупотреби на европски пари во државата, за што ќе се спроведат и соодветни истраги.

Амбасадорот Дејвид Гир ги истакна тековните проекти и поддршката што ја имаме од страна на ЕУ во делот на јакнење на капацитетите на МВР, особено во делот на илегалната миграција, борбата со организираниот криминал и ги посочи предизвиците во кои треба се фокусираме во иднина во насока на доближување на европските стандарди. Гир ја даде својата поддршка во реформските процеси и ја потенцираше и можноста за поддршка од системот на ЕУ за справување со евентуални шумски пожари во летниот период.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryqpfomcjjfi738VD2rEM

(Фото) И Тошковски објави дека добил опомена оти возел 51 км/ч наместо 50 км/ч: Се движев со приватното возило

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-02-24-at-16.57.46

Тошковски со жесток одговор до СДСМ: „Очајот не се прикрива со зборот ‘оставка’“

Македонија | пред 2 месеци

media-library4iqoeve67knv76F1jQT

Мистериозен „хакирачки напад“ без последици? МВР истражува кој праќа пораки за хакирање на Мицкоски и Тошковски

Македонија | пред 2 месеци

media-librarya94tg3p2hk6kcFaBow0

Тошковски: Стабилна безбедносна состојба во Дебар – ГП „Блато“ станува мост на поврзување со Албанија

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања