Македонија

Девет пожари на отворено во последното деноноќие, сите успешно изгаснати

Вчера имаше девет пожари на отворено, сите се изгаснати од пожарникарите и активни нема, утрово. Пожарите на отворено беа во општините:

Општина Гази Баба, ул.Зендел Џемаил (горело ѓубре); Карпош, покрај ул.„Скупи“ (горело ѓубре и сува трева); Арачиново, крај стариот пат за Арачиново (сува трева и грмушки); Сарај, с.Копаница (стрниште); Битола, с.Габалавци (ѓубриште); Струга, во реон кон ГП „Ќафасан“ (ѓубриште); Свети Николе, кај с.Горобинци (изгореле грмушки и сува трева, нискостеблеста шума и помошен објект); Општина Кочани, кај с.Облешево (стрниште) и во Општина Куманово, кај населбата „Диво Насеље“ (горела сува трева).

На почеток