Македонија

11 пожари на отворено во последното деноноќие, ЦУК апелира да не се палат отпадоци и ѓубре

ЦУК информира дека имаше 11 пожари на отворено во последното деноноќие, сите се изгаснати од пожарникарите и од нив активни утрово нема.

Една третина од вчерашните биле на повик на гаснење депонии или ѓубришта, а од нив вообичаено се шират и на поголем простор во околината.

ЦУК упатува апел до граѓаните да не се палат отпадоци и ѓубре на ова топло време и кога е се посува вегетацијата во природата.

На почеток