Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ДУИ за првпат на Претрес: Блерим Беџети за судството, гревовите, Ахмети, Груби, следните избори, УЧК

Полицијата ги пребарува изгорените облакодери во Хонг Конг: досега 146 загинати, 11 уапсени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Свет
media-library7m41ngqu9hgmdfga0nm

Властите во Хонг Конг денес продолжуваат со пребарување на преостанатите облакодери уништени во големиот пожар во кој загинаа најмалку 146 лица, а стотици жители останаа без дом и сега се приспособуваат на живот во привремени сместувања.

Полицијата ја заврши претрагата на четири од седумте згради што беа зафатени од најсмртоносниот пожар во градот во изминатите повеќе од 75 години. Телата на загинатите биле пронајдени по скалиte и на покривите, каде што биле заробени додека се обидувале да избегаат од огнената стихија.

Во текот на неделава ќе се одржат бденија и во Токио и во Лондон. Властите соопштија дека околу 40 лица сè уште се водат како исчезнати.

Причината за пожарот сè уште непозната

Пожарот, кој избувна минатата среда и брзо се прошири по надворешните делови на становите кои биле во реновирање, сè уште се истражува.

Во услови на растечки револт кај јавноста поради пропуштени предупредувања за опасност од пожар и индиции за небезбедни градежни практики, Пекинг предупреди дека ќе се спротивстави на сите протести.

Најмалку едно лице поврзано со петиција со која се бара независна истрага било приведено, наведуваат извори запознаени со случајот.

Во изгорените згради живееле над 4.000 луѓе

Преостанатите згради што треба да се пребараат се „најтешките“, изјави високата полициска службеничка Ејми Лам, додавајќи дека последниот дел од потрагата може да трае со недели.

— реклама —

Голем број полициски екипи утринава пристигнаа на местото за да продолжат со пребарувањето на изгорените згради во кои живееле повеќе од 4.000 лица.

Повеќе од 1.100 луѓе се преместени од евакуациските центри во привремени сместувачки капацитети, а дополнителни 680 лица се сместени во младински домови и хотели, соопштиле властите.

Бидејќи многу жители ги оставиле своите лични предмети додека бегале од пожарот, властите им доделија итна помош во висина од 1.284 долари по домаќинство и обезбедија поддршка за издавање нови лични документи, пасоши...

— реклама —

Во рамки на истрагата уапсени 11 лица

Во текот на истрагата уапсени се 11 лица под сомнение за корупција и употреба на небезбедни материјали при реновирањето.

Зградата била обвиена со зелена заштитна мрежа и бамбусови скелиња, а била прекриена и со пена-изолација. Противпожарните аларми во комплексот исто така не функционирале правилно, соопштиле властите.

Жителите на населбата Ванг Фук минатата година добиле уверување од властите дека ризикот од пожар е „релативно низок“, иако претходно поднеле претставки за можни опасности, соопшти градското Министерство за труд.

Портпарол на министерството додаде дека жителите во септември 2024 година повторно изразиле загриженост за потенцијалната запалливост на заштитните мрежи поставени околу скелите.

— реклама —

Притворени активисти кои бараат независна истрага

Во саботата полицијата го привела 24-годишниот Мајлс Кван, член на групата што ја покренала петицијата за независна истрага за корупција и за засилен надзор на градежните работи, потврдија две лица запознаени со случајот.

Уште две лица се уапсени под сомнение за поттикнување немири, објави „Саут Чајна Морнинг Пост“.

Кинескиот Канцеларија за национална безбедност предупреди дека поединци не смеат да ја користат трагедијата за да го „вратат Хонг Конг во хаосот“ од 2019 година, истакнувајќи:
„Без разлика на методите што ќе ги користите – ќе сносите одговорност и ќе бидете строго казнети.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library2s8eoel3q0v59rmnTwF

Денеска регистрирани 19 пожари на отворено, активни се уште 10

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryfqb5bbcc2flk5RmNtwX

20 пожари во 24 часа: Изгаснати 19, еден под контрола кај Белица

Македонија | пред 3 дена

media-libraryfqak0nlofmne1XbCJ8g

Пожарот кај Белица и понатаму под контрола

Македонија | пред 5 дена

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

До 18 часот регистрирани 11 пожари на отворен простор, два сè уште активни

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања