Свет

Кремљ ги отфрли обвинувањата за ракетирањето на детската болница во Киев

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека вооружените сили на Русија вршат напади исклучиво на цели поврзани со воениот потенцијал на Украина и ги отфрли обвинувањата дека Русија целела детска болница во Киев за време на вчерашните ракетни напади.

„Како и досега, ние инсистираме на ова: не извршуваме напади врз цивилни цели во Киев”, рече Песков, а пренесува РИА Новости.

Тој укажа на соопштението на Министерството за одбрана на Руската Федерација, кое апсолутно исклучува дека имало какви било напади врз цивилни цели.

Руското Министерство за надворешни работи денеска го обвини Киев дека се обидува да ја искористи, како што се наведува, трагедијата со детската болница во Киев за пропагандни цели.

Претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека на 8 јули вооружените сили на Русија, како одговор на обидите на украинската армија да ги нападне претпријатијата на рускиот економски комплекс, возвратиле со високопрецизно оружје со напади. на воени цели во Украина, наведувајќи дека сите цели биле погодени.
Во вчерашните руски ракетни напади врз Украина загинаа најмалку 41 лице, а 149 се ранети, соопштија украинските власти, наведувајќи дека во Киев е погодена најголемата педијатриска установа во Украина.

Руското Министерство за одбрана вчера соопшти дека обвинувањата за намерни руски напади врз цивилни цели во Украина не соодветствуваат со реалноста, нагласувајќи дека нападот врз Националната детска специјализирана болница „Окматдит“ во Киев бил предизвикан од пад на украинска противвоздушна ракета.

На почеток