Николоски: Како ќе правиме ќе правиме, автопатот Кичeво-Охрид ќе го завршиме до крај на 2026 година
Ветувањето кое што го дадовме дека до крајот на 2026 година дека ќе има функционален автопат Кичево-Охрид, ќе го реализираме. Како ќе правиме ќе правиме, автопатот Кичeво-Охрид ќе го завршиме до крај на 2026 година, истакна министерот Николоски на новинарско прашање на трибината поврзана за развој на градежништвото.
Тој истакна дека во однос на автопатот Охрид – Кичево детектирани се бројни проблеми пред се експропијацијата и дислокација на приватни објекти.
“Значи, во однос на изградбата на автопатот Охрид – Кичево има бројни проблеми. Ние ги детектираме во моментов. Дел се поврзани со експропријација, дел се поврзани со проектирање на косини, дел се поврзани со објекти коишто се на самата траса, пред се бензински пумпи коишто треба да се дислоцираат а се на самата траса и она што можам да ви кажам е дека тоа го напишавме во нашата програма, ќе го реализираме и до крај на 2026 година Охрид – Кичево ќе биде завршен”, изјави министерот Николоски.