🔴 „Претрес“ на Ивона Талевска
T1qhqvgU3jE

Муцунски: Како кредибилна НАТО членка остануваме посветени на зајакнувањето на колективната безбедност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4992

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со владина делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, учествуваше на НАТО Самитот, што се одржа од 9-ти до 11-ти јули, во Вашингтон.

— реклама —

,,Како кредибилна НАТО членка остануваме посветени на зајакнувањето на колективната безбедност. Заедно со нашите сојузници во Алијансата стоиме обединети во определбата за одбрана на споделените демократски вредности и заложбите за траен мир и просперитет.

Во изминатите две дена, како дел од делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, учествував на НАТО Самитот во Вашингтон. Во фокусот беа актуелните безбедносни предизвици, со посебен акцент на поддршката за Украина, зајакнувањето на одбраната на Алијансата, како и унапредување на соработката со партнерите од Индо - Пацификот.

— реклама —

Во рамките на дискусијата беше нагласена и потребата од зајакнување на соработката помеѓу НАТО и ЕУ во земјите од Западен Балкан, што претставува гаранција за регионалната и целокупната трансатлантска сигурност. Притоа, беше истакнато дека продолжувањето на политиката на Отворени врати на НАТО и проширувањето на Европската Унија се најдобрите алатки за постигнување траен мир и гарантирање на демократските процеси на нашите простори.”, напиша Тимчо Муцунски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања