Скопје

122 санкционирани возачи во Скопје

159 санкции за непрописно вградени фолии

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (11.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 122 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, 19 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за користење мобилен телефон при возење.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

На почеток