Свет

Трамп: Обидот за атентат целосно го смени текот на изборната кампања, тоа го потврдија и републиканците и демократите

Трамп со предупредување доколку не се врати во Белата куќа:  националната економија целосно ќе пропадне

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните избори, Доналд Трамп изјави дека по обидот за атентат во кој беше полесно повреден во саботата, целосно го променил говорот што ќе го одржи во четврток, на последниот, четврти ден од конвенцијата на Републиканците во Милвоки и изјави дека ќе повика на нов напор кон национално единство.

Трамп во ексклузивно интервју за неделникот „Вашингтон Егзаминер“ изјави дека сака да го искористи историскиот момент и да ја обедини земјата.

„Говорот што планирав да го одржам во четврток требаше да биде навистина моќен. Да не се случеше ова (обидот за атентат во Пенсилванија), тоа ќе беше еден од најневеројатните говори насочени главно кон политиката на претседателот Џозеф Бајден. Искрено, сега ќе биде сосема поинаков говор“, рече Трамп.

Тој изјави дека говорот ќе го одрази неговото верување дека нападот на митингот во Пенсилванија целосно го променил текот на изборната кампања, што веќе го потврдија и републиканците и демократите.

Трамп рече дека неговиот говор ќе биде одговор на моментот наметнат од историјата.

„Ова е можност да се обедини земјата, дури и целиот свет. Говорот значително ќе се разликува од оној што беше планиран пред два дена“, рече Трамп.

На почеток